Успешната приказна започнува од крајот на 2003 година, реализирана од Бранко Карапејоски, со идеа за сопствен бизнис чија главна дејност е електростатско пластифицирање на метални елементи. Денес прераснавме во мала компанија која изработува метална галантерија што одговара на барањата на клиентите од домашниот, но и на странскиот пазар.

Со постепено надоградување во современа производствена опрема, изградба на професионални кадри и со долгогодишна работа и труд, изградивме модерна метало- производствена компанија која континуирано го подобрува квалитетот на своите постојани производи и создава нови.

Од 2017 година се преместивме во нов производствен простор од 1.350 m² и 600 m² магацински простор.

ДЕКО МЕТА се издвојува како најголем производител на држачи за клима уреди во државата.

Историја на компанијата

2020

Набавка на CNC хидрауличен апкан преса WEK 80/2500

Набавка на Фибер ласер ЕЕТО FLSA 2KW

2017

Преместување на производството на нова локација, с. Селце

2016

Направена нова фарбара за електростатско пластифицирање

2015

Набавка на хидрауличен апкан

2009

Проширување на работилницата со површина од 400 m²

2005

Набавка на основни машини за производство

Клиенти