Поштенски сандачиња

Поштенските сандачиња со модерен и практичен дизајн, одлично решение за стамбени и деловни објекти. Изработени од ладно валуван челик со дебелина од 0.5 mm и завршени со електростатско пластифицирање за отпорност на корозија, овие сандачиња се долготрајни и економични.

Модуларен дизајн и може да се прилагоди според бројот на корисници. Можност за избор меѓу модели со бројки или место за етикета за лесна идентификација.

Овој систем е одлично решение за станбени комплекси, деловни објекти и сл.


 

Технички карактеристики

  • Материјал: ладно валуван челик, дебелина 0.5 mm

  • Димензии по сандаче: 260 × 150 × 90 mm

  • Конфигурација: по нарачка според број на станови

  • Модели: вертикален (отвор од страна) и хоризонтален (отвор од горе)

  • Идентификација: модели со бројки или место за етикети

  • Завршна обработка: електростатско пластифицирање (темно сива каса RAL 7016, сива вратниче RAL 7035), други бои по нарачка