Магацинска Сталажа 600mm

Индустриска магацинска сталажа со длабочина од 600 мм, наменета за складирање на непалетизирани производи во производство, магацини и логистика.
Секоја полица издржува до 200 кг, што ја прави практична за складирање на резервни делови, полупроизводи, амбалажа и друг магацински инвентар.
Конструкцијата е од челичен профил со електростатско пластифицирање, што обезбедува издржливост и отпорност на корозија,
а модуларниот дизајн овозможува брза монтажа и изработка по нарачка.

Овој систем за полици е практично решение за широк спектар индустрии – производство, автомобилска индустрија, прехранбена индустрија (нерасипливи производи), фармација, хемија, трговија на големо и магацинска дистрибуција.


Технички карактеристики

  • Димензии: 3000 × 2000 × 600 мм (стандард) – можни димензии по нарачка
  • Носивост: 200 кг по полица
  • Ногари: профил 40 × 40 × 2 мм
  • Полици: ZP профил, дебелина 2 мм
  • Плочи за полица: 6 парчиња по полица, секоја 330 × 600 × 0.8 мм
  • Завршна обработка: електростатско пластифицирање

Боја

  • Ногари – RAL 5005 (сина)
  • Полици – RAL 2004 (портокалова)
  • Плочи – темно сива

Можни се и изработки по нарачка