Магацинска Сталажа за ЕУ Палети
Нашите магацински сталажи или рафтови се дизајнирани за безбедно и ефикасно складирање на стандардни европалети. Изработена од издржливи материјали и електростатско пластифицирање за заштита од корозија, оваа сталажа е идеална за магацини, дистрибутивни центри, производствени погони и индустриски капацитети. Модуларната конструкција овозможува прилагодување според вашите потреби, што ја прави погодна за различни индустрии како логистика, прехранбена индустрија, малопродажба и автомобилска индустрија.
Технички карактеристики
- Димензии: 3200 × 2700 × 1000 mm (стандардни) – може и по нарачка
- Капацитет на оптоварување: 2 тони по полица
- Ногари: HFS, дебелина 2 mm, засилен профил 50 × 30 × 2 mm
- Полици: профил 80 × 40 × 3 mm
- Лимови за полици: 5 парчиња по ниво, секој 530 × 1000 × 1.8 mm (со појачување)
- Завршна обработка: електростатско пластифицирање за отпорност на корозија
- Боја:
-
- Ногари – RAL 5005 (Сина)
- Полици – RAL 2004 (Портокалова)
Стандардни бои; може и по нарачка
-
Категорија Метални сталажи







